Шјинџјианг
автономен регион во Кина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шјинџјианг (ујгурски: شىنجاڭ; кинески: 新疆; пинјин: Xīnjiāng; наизменично романизиран како Sinkiang), официјално Автономен регион Шјинџјианг Ујгур или Автономен регион Ујгурски Шјинџјианг[1], е автономен регион на Народна Република Кина (НР Кина), сместен на северозапад на земјата близу Средна Азија. Шјинџјианг е најголемиот региони во Кина, Се протега на над 1,6 милиони км2 (640 000 квадратни милји) и има околу 25 милиони жители.[2]
Шјинџјианг Ујгурски شىنجاڭ ئۇيغۇر ئاپتونوم رايونى Кинески 新疆维吾尔自治区 | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Автономни региони | ||||||||
Автономен регион Шјинџјианг Ујгур | ||||||||
| ||||||||
Мапа на Кина, истакнувајќи го Автономен регион Шјинџјианг Ујгур | ||||||||
Држава | Кина | |||||||
Наречено по | ||||||||
Главен град (и најголем) | Урумчи | |||||||
Административна поделба | 14 Префектури, 99 Окрузи, 1005 Градови | |||||||
Управа | ||||||||
• Секретар на партискиот комитет | Чен Квангуо, кинески 陈全国 | |||||||
• Chairman | Шохрат Закир, ујгурски شۆھرەت زاكىر | |||||||
Површина | ||||||||
• Вкупна | 1.664.897 км2 (642,820 ми2) | |||||||
Најг. вис. (К2) | &100000000000000086110008,611 м | |||||||
Најм. вис. (Езеро Ајдинг) | &09999999999999845999999−154 м | |||||||
Население (2010) | ||||||||
• Вкупно | 21,815,815 | |||||||
• проц. од (2018) | 24,870,000 | |||||||
• Густина | 15/км2 (40/ми2) | |||||||
Демографија | ||||||||
• Етнички состав (2010) | ||||||||
• Јазици и дијалекти | ||||||||
БДП (2017) | CNY 1.1 trillion $162 billion | |||||||
- по глава на жител | CNY 45,099 $ 6,680 | |||||||
ИЧР (2018) | 0.731 | |||||||
Мреж. место | Автономен регион Шјинџјианг Ујгур |
Шјинџјианг се граничи со државите Монголија, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Авганистан, Пакистан и Индија. Грубите планински масиви Каракорум, Кунлун и Тјеншан заземаат голем дел од границите на Шјинџјианг, како и неговите западни и јужни региони. Регионот Аксаи Чин, управуван од Кина претежно како дел од префектурата Хотан во Шјинџјианг, Индија го смета како дел од својата територија. Шјинџјианг исто така се граничи со автономниот регион Тибет и покраините Гансу и Ќингхај. Најпознатата траса на историскиот Пат на свилата поминуваше низ територијата од исток до нејзината северозападна граница.
Во него живеат голем број етнички групи, вклучувајќи ги Турците Ујгури, Казаците Киргизи, Хан кинезите, Тибеќаните, Хуи, Таџиците, Монголците, Русите и др. Повеќе од десетина автономни префектури и окрузи за малцинства се во Шјинџјианг. Шјинџјианг се нарекува и кинески Туркестан[3], Источен Туркестан[4][5] и Источен Туркистан[6]. Шјинџјианг е поделен на басенот Ѕунгарија на север и басенот Тарим на југ со планински венец. Само околу 9,7% од површината на Шјинџјианг е погодна за живеење.[7]
Со документирана историја од најмалку 2.500 години, голем број на луѓе и империи се натпреваруваа за контрола над целата или делови од оваа територија. Територијата е под власт на династијата Чинг во 18 век, подоцна заменета со влада на Република Кина. Од 1949 година, таа е дел од Народна Република Кина по Кинеската граѓанска војна. Во 1954 година, Шјинџјианг Бингтуан беше формиран за зајакнување на границата и одбрана од Советскиот Сојуз и исто така за унапредување на локалната економија. Во 1955 година, Шјинџјианг беше административно сменет од покраина во автономен регион. Во последниве децении, изобилни резерви на нафта и минерали се пронајдени во Шјинџјианг и тој во моментов е најголемиот регион за производство на природен гас во Кина. Во 90-тите и 2000-тите, движењето за независност на Источен Туркестан, сепаратистички конфликт и влијанието на радикалниот ислам резултираше во немири во регионот со повремени терористички напади и судири меѓу сепаратистичките и владините сили.[8]