Монголски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Монголски јазик (, Mongɣul kele, кирилица: Монгол хэл, Mongol khel) — најпознатиот јазик на групата на монголски јазици. Има статус на службен јазик во Монголија и се пишува со кирилица. Во текот на својот развој, јазикот се пишувал и со традиционалното монголско писмо што се вовело во монголскиот јазик преку ујгурскиот јазик со одредени модификации. Исто така, јазикот се зборува во НР Кина, поточно во Внатрешна Монголија, во Русија и во Киргистан. Во Монголија се зборува халха дијалектот па поради тоа јазикот се нарекува и како халха монголски јазик. Во НР Кина, монголскиот се нарекува и како чахарски, ојирадски или бургу-бурјатски. Јазикот го зборуваат околу 5,7 милиони луѓе.
Кратки факти Монголски јазик, Изговор ...
Монголски јазик | |
---|---|
монгол хэл ᠮᠣᠩᠭᠣᠯ ᠬᠡᠯᠡ ꡏꡡꡃ ꡢꡡꡙ ꡁꡦ ꡙꡦ | |
Сојомбо симболи | |
Изговор | /mɔŋɢɔ̆ɮ xeɮ/ |
Застапен во | Голема Монголија |
Подрачје | Азија |
Говорници | 5,7 милиони |
Јазично семејство | |
Писмо | монголско писмо |
Статус | |
Службен во | Монголија Внатрешна Монголија (Кина) |
Регулативен орган | Државен совет за јазици |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | mn |
ISO 639-2 | mon |
ISO 639-3 | mon |
Linguasphere | 44-BAA-b |
Затвори