Монголија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Монголија (монголски: Монгол улс, традиционално писмо ) — парламентарна република што се наоѓа во Источна Азија и со мал дел во Средна Азија. Монголија граничи со Русија на север и со Народна Република Кина на југ, исток и југозапад. На запад Монголија има допирна точка со Казахстан. Најголем а воедно и главен град на Монголија е Улан Батор. Во градот живее 38 % од вкупното население на Монголија.
Монголија |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: "Монгол улсын төрийн дуулал" Химна на Монголија'"Монгол улсын төрийн дуулал" National anthem of Mongolia |
||||||
Главен град (и најголем) | Улан Батор 47°55′N 106°53′E | |||||
Службен јазик | монголски | |||||
Народности (2010[1]) | ||||||
Демоним | Монголец | |||||
Уредување | Парламентарна република | |||||
• | Претседател | Халтмагин Батулга | ||||
• | Премиер | Ухнагин Хурелсух | ||||
Формирање | ||||||
• | Формирање на монголската империја | 1206 | ||||
• | Независност од Кина | 29 декември 1911 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1,564,116 км2 | ||||
• | Вода (%) | 0.6 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2007 г. | 2,951,786 (139-та) | ||||
• | Попис 2000 | 2,407,500 | ||||
• | Густина | 1.7 жит/км2 (238-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупен | $8.448 милијарда (143-та) | ||||
• | По жител | $2,900 (130-та) | ||||
Џиниев коеф. (2002) | 32.8 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.698[2] среден · 103та |
|||||
Валута | Тугрик (MNT ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+7 to +8[3][4]) | |||||
НДД | .mn | |||||
Повик. бр. | 976 |
Низ текот на историјата, денешната територија на Монголија била владеена од различни номадски империи, меѓу кои Сјонгу, Руран, Сјанбеј, Ѓоктурција и останати. Монголското Царство билo основанo од Џингис Кан во 1206 година. По распаѓањето на Јуен, Монголците се вратиле на старите обичаи. Во 16 и 17 век, Монголија потпаднала под влијание на тибетскиот будизам наследен од владеењето на Ќинг кон крајот на 17 век. За време на распаѓањето на династијата Ќинг во 1911, Монголија прогласила независност, но со големи тешкотии. Официјално во 1921 година Монголија била целосно независна и суверена република и до 1945 година го стекнала меѓународното признание. Како последица на сето тоа, а со блискоста на Советскиот Сојуз, Монголија потпаднала под негово големо влијание на, особено под руско влијание. Според тогашната моментална состојба, на Монголија и била призната независноста како Монголска Народна Република или Народна Република Монголија. Државното уредување било комунистичко, налик на советското општествено уредување. Со распаѓањето на комунизмот во Источна Европа и Советскиот Сојуз, во 1989 година се случила Монголската демократска револуција и резултирала со повеќепартиски систем во државата и со одржување на регуларни избори. Монголија се здобила со нов устав, државно уредување и економски пазар.
Монголија е 19-та најголема држава во светот со околу 1.564.116 км2, а воедно и најретко населената држава во светот со вкупно население од 3,2 милиони луѓе (2019), малку повеќе од населението во Македонија. Исто така, Монголија е втората најголема држава во светот која нема излез на море, веднаш зад Казахстан. Државата има многу мала обработлива површина, бидејќи најголем дел од територијата е степска, со планини на север и запад и со пустина на југ. Околу 30% од населението во Монголија се номади или полуномади, патувајќи од место до место низ земјата.
Најголема религија во Монголија е тибетскиот будизам, а најголем број од населението се Монголци. Покрај нив во Монголија живеат и Казаци, Туванци и останати мали заедници. Службен и национален јазик во Монголија е монголскиот.