Таџикистан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Таџикистан (Тоҷикистон) или официјално Република Таџикистан (Ҷумҳурии Тоҷикистон) е независна држава во средна Азија. Таџикистан на југ граничи со Авганистан, на запад граничи со Узбекистан, на север со Киргистан и на исток граничи со Кина. Главен град на Таџикистан е Душанбе, додека службен јазик во државата е таџичкиот јазик. Вкупната површина на државата изнесува 143.100 км2 каде живеат околу 7.349.145 жители.
Република Таџикистан |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: „Суруди Миллӣ“ |
||||||
Главен град | Душанбе 38°33′N 68°48′E | |||||
Најголем град | главен град | |||||
Службен јазик | таџички јазик[1][2] | |||||
Јазик за меѓуетничка комуникација |
руски[3] | |||||
Демоним | Таџици/Таџикистанци
(Таџикистанец/Таџик - Таџикистанка/Таџичка) |
|||||
Уредување | унитарна полупретеседателска република | |||||
• | Претседател | Емомали Рахмон | ||||
• | Премиер | Кохир Расулзада | ||||
Независност од СССР | ||||||
• | Основање на Саманидското царство | 875 | ||||
• | Основана | 9 септември 1991 | ||||
• | Завршена | 25 декември 1991 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 143,100 км2 (102-ра) | ||||
• | Вода (%) | 1.8 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 7.349.145 (97-ма) | ||||
• | Попис 2000 | 6.127.000 | ||||
• | Густина | 48.6 жит/км2 (155-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупен | $13.666 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $2.103[4] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупно | $4.982 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $767[4] | ||||
Џиниев коеф. (2004) | 33.59 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.607[5] среден · 133та |
|||||
Валута | Таџикистански сомони (TJS ) |
|||||
Часовен појас | TJT (UTC+5) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .tj | |||||
Повик. бр. | 992 |
Поголем дел од таџикистанското население говори таџички јазик кој е всушност персиски јазик. Таџиците се културно, јазично и историски поврзани со Авганистан и Иран. Во минатото Таџикистан бил дел од Саманидското царство, а во XX век бил дел од СССР кога бил познат под името Таџичка ССР. Поголемиот дел од територијата на Таџикистан е планинска, односно 90% од вкупната територија се планини.
По независноста, Таџикистан страдал од граѓанската војна која траела од 1992 до 1997 година. Со завршувањето на војната, се отвориле вратите за нова политилка стабилност и странска економска помош, што ја зајакнува домашната економија. Главни трговски извозни суровини на Таџикистан се памукот и алуминиумот.