Тибет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тибет (тибетски: བོད་, Вајли: Bod, изговор [pʰø̀ʔ]; кинески: 藏区, пинјин: Zàngqū; монголски: Tövd) — подрачје во Средна Азија, дом на тибетскиот народ. Се наоѓа на просечна надморска висина од 4.900 м и често е нарекуван„Кров на светот“. Најголемиот дел од историскиот регион Тибет денес се наоѓа во составот на Народна Република Кина.
Под поимот Тибет се подразбира големо подрачје под влијание на тибетската култура и се состои од традиционалните покраини Амдо, Кам и У-Цанг (Дбус-Гцанг). Во составот на Народна Република Кина постои автономен регион Тибет, покраини која ги опфаѓа само У-Цанг и западниот регион Кам. Источниот дел на регионот Кам и регионот Амдо се наоѓаат во составот на кинеските покраини Ќингхај, Гансу, Јинан и Сечуан.