Киргиски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Киргискиот јазик (кыргыз тили, قىرعىز تىلى, kyrgyz tili) е туркиски јазик кој е службен јазик во Република Киргистан, покрај рускиот. Генетички, киргискиот јазик е сроден со алтајските јазици, но сепак киргискиот јазик е сроден и разбирлив со околните туркиски јазици.
Киргиски јазик | |
---|---|
кыргыз тили, قىرعىز تىلى kyrgyz tili | |
Застапен во | Киргистан, Авганистан, Пакистан, Таџикистан, Кина, Русија и дијаспората. |
Говорници | околу 4,5 милиони |
Јазично семејство | |
Писмо | киргиска азбука |
Статус | |
Службен во | Киргистан |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ky |
ISO 639-2 | kir |
ISO 639-3 | kir |
Киргискиот јазик го зборуваат околу 4 милиони луѓе во Киргистан, но и во околните Кина, Авганистан, Казахстан, Таџикистан, како и во киргиската дијаспора во Турција, Узбекистан, Пакистан и Русија. Првично, киргискиот јазик се пишувал со униформираната турска азбука[1], која постепено била заменета со изменетото персиско-арапско писмо. Персиско-арапското писмо се користело до средината на XX век, кога за еден доста краток период се вовела латиницата, но таа била заменета со кирилицата за време на СССР. Денес, кирилицата останала доминантно писмо за запишување на јазикот. Кога Киргистан станал независен во државата имало движење за замена на кирилицата со латиница, но тоа до денес не се остварило.