Кунлун
планински венец во Кина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кунлун (кинески: 昆仑山, пинјин: Kūnlún Shān; ујгурски: كۇئېنلۇن تاغ تىزمىسى; тибетски: ཁུ་ནུ་རི་རྒྱུད།; монголски: Хөндлөн Уулс) — еден од најдолгите планински венци во Азија, со распон од 3.000 км. Во најширока смисла, ја бразува северната граница на Тибетската Висорамнина јужно од Таримската Котлина и коридорот Хесји, па продолжува источно од реката Веј, сè до крајот на Севернокинеската Низина.
Кунлун 昆仑山 / كۇئېنلۇن تاغ تىزمىسى | |
---|---|
Западниот дел на Кунлун гледан од патот Тибет-Синѓанг | |
Највисока точка | |
Врв | Кунлунска Божица |
Надм. височина | 7167 м |
Географија | |
Земји | Кина |
Покраина | Тибет, Ќингхај, Синѓанг |
Координати | 36°N 84°E |
Се граничи со | пустина Гоби |
Кај постарите извори[1] Кунлун е планинскиот појас што се протега низ средината на Кина Алтинтаг, самиот Кунлун во потесна смисла и венците Чилиен и Чин. Во поново време[2] се смета дека Кунлун ја сочинува јужната страна на Таримската Котлина и потоа продолжува на исток, јужно од Алтинтаг. Историчарот Сема Ќен[3] вели дека царот Хан Вуди (II и I век п.н.е.) испратил извидници за да го пронајдат изворот на Жолтата Река (Хоангхо) и таа планина ја нарекол Кунлун. Името веројатно потекнува од истоименото полумитско место во древното класично дело „Шанхај Ѓинг“ („Книга на планините и морињата“).