Каракорум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каракорум (кинески: 喀喇昆仑山脉, пинјин: Kālǎkūnlún Shānmài; хинди: काराकोरम, Kārākōrama; урду: سلسلہ کوہ قراقرم) — голем планински венец што се протега низ пограничните краишта на Гилгит–Балтистан (Пакистан), Ладак (Индија) и регионот Сјинџанг (Кина). Влегува во состав на поширокиот систем на Хималаи, но сепак северно од самиот венец.
Каракорум | |
---|---|
Највисока точка | |
Врв | К2 |
Надм. височина | 8.611 м |
Координати | 35°52′57″N 76°30′48″E |
Географија | |
Поглед на највисоките врвови на Каракорум од Меѓународната вселенска станица
| |
Земји | Пакистан, Индија и Кина |
Покраини | Гилгит–Балтистан, Ладак и Сјинџанг |
Координати | 36°N 76°E |
Се граничи со | Ладачки Пл., Памир и Хиндураџ (Хиндукуш) |
Венецот има најголема концетрација на планини над 8.000 м на светот,[1] каде спаѓа вториот највисок врв во светот, К2 (8.611 м), кој е само 237 м понизок од Монт Еверест.
Каракорум е долг околу 500 км и се одликува со најголема покриеност со ледници во светот (вон поларните региони). Ледниците Сијачен (70 км) и Бијафо (63 км) се на второ и трето место по должина во светот вон поларните региони.[2]
На североисток венецот се граничи со Тибетската Висорамнина, а на север со Памир. Јужната граница ја образуваат (од запад кон исток) реките Гилгит, Инд и Шајок, што го одделуваат од северозападниот крај на самите Хималаи како што реките се спојуваат на југозапад кон рамниците во Пакистан.