Кинески јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинескиот јазик (汉语/漢語, Ханји; 中文, Џунгвен) — јазик или за јазично семејство и првично се зборувал од ханските Кинези во Кина. Тој ја сочинува една од двете гранки на синотибетското јазично семејство.[3] Околу една шестина од светското население, или над милијарда луѓе, зборуваат некаков кинески како мајчин јазик. Дали кинеските варијанти можат да се наречат „јазици“ или „дијалекти“ е прилично спорна тема.[4] Како јазично семејство, кинескиот има околу 1.2 милијарди говорници; само мандаринскиот има околу 850 милиони говорници, бројно надминувајќи ги сите јазици на светот.
Кинески | |
---|---|
汉语/漢語 „ханји“, 中文 „џунгвен“ | |
Застапен во | континентална Кина, Хонгконг, Макао, Тајван, Малезија, Сингапур и други региони со кинеско население |
Подрачје | (мнозинства): источна Азија (малцинства): југоисточна Азија и други региони со кинеско население |
Говорници | околу 1,3 милијарди |
Јазично семејство | синотибетско
|
Писмо | кинески знаци |
Статус | |
Службен во | Кина Хонгконг Макао Тајван Сингапур ООН признаен како малцински јазик во делови од: Малезија Тајланд Филипини |
Регулативен орган | Во НР Кина: Национален јазичен регулативен комитет[1] Во Тајван: Национален комитет за јазици Во Сингапур: Кампања Зборувајте мандарински[2] |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | zh |
ISO 639-2 | chi (B) zho (T) |
ISO 639-3 | Разни: zho — кинески (општо) cdo — мин тунг cjy — чинји cmn — мандарински cpx — пу сјен czh — хуејџоу czo — мин џунг gan — ган hak — хака hsn — сјанг mnp — мин пеј nan — јужномински wuu — ву yue — кантонски |
Говорниот кинески се одликува со голема внатрешна разнообразност, иако сите кинески варијанти се тонски и аналитички. Постојат помеѓу шест и дванаесет регионални групи на кинески (зависно од начинот на класификација), од кои (во огромна мера) предоминантен е мандаринскиот (~ 850 милиони), а по него следи ву (~ 90 милиони), мински (~ 70 милиони) и кантонскиот (~ 70 милиони). Највеќето од нив се меѓусебно разбирливи, иако некои, како сјанг и југозападните мандарински дијалекти се разбирливи во извесна помала мера. Кинескиот се класификува како макројазик со тринаесет подјазици ISO 639-3, иако прашањето дали овие се „јазици“ или „дијалекти“ е мошне спорно.
Стандардизираната форма на говорниот кинески се нарекува стандарден мандарински „普通话 (путунгхуа); 国语 (гуоју)“, кој е заснован на пекиншкиот дијалект. Стандардниот мандарински е службен јазик на Народна Република Кина, Република Кина (Тајван), како и еден од четирите службени јазици на Сингапур. Кинескиот (де факто стандарниот мандарински) е еден од петте службени јазици на ООН. Од другите варијанти, стандарниот кантонски е распространет и влијателен во кантонојазичната дијаспора, и е еден од службените јазици во Хонгконг (заедно со англискиот) и во Макао (заедно со португалскиот). Јужноминскиот јазик, дел од минската јазична група, се зборува нашироко во Фуџен и Тајван (каде се нарекува тајвански или „хокло“) како и југоисточна Азија (каде предоминира во Сингапур, Малезија и на Филипините и се нарекува Хокиен).