Филипини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Филипини, официјално Република Филипини — островска нација во Југоисточна Азија. Се состои од архипелаг со 7.641 остров на Висајските Острови[5] кој се состои од три дела: Лусон, Висај и Минданао. Главниот град е Манила, додека најголемиот град е Кесон; двата града заедно ја формираат метрополитенската област Манила.
Република Филипини Republika ng Pilipinas (јазик?)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „За Господ, Народот, Природата и Земјата“ | ||||||
Химна: Lupang Hinirang Избрана земја |
||||||
Главен град | Манила 14°35′N 121°0′E | |||||
Најголем град | Кесон | |||||
Службен јазик | филипински и англиски | |||||
Признаени регионални јазици | биколски, себуански, илокански, хилигајнонски, капампангански, пангасинански, тагалски, варајски[1] | |||||
Демоним | Филипинци
(Филипинец/Филипинка) |
|||||
Уредување | Унитарна претседателска уставна република | |||||
• | Претседател | Бонгбонг Маркос | ||||
• | Потпретседател | Сара Дутерте | ||||
Независност | од Шпанија од САД | |||||
• | Основана | 16 март 1521 | ||||
• | Декларирана | 12 јуни 1898 | ||||
• | Самовладеење | 24 март 1934 | ||||
• | призната независност | 4 јули 1946 | ||||
• | Сегашен устав | 2 февруари 1987 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 300,000 км2 [2](72ра) | ||||
• | Вода (%) | 0,61% | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2000 г. | 88,701 милиони (12та) | ||||
• | Попис 2000 | 76.498.735 | ||||
• | Густина | 290 жит/км2 (320та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2006 г. | |||||
• | Вкупен | $466,632 милијарди (25та) | ||||
• | По жител | $5,365.287 (99та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2006 г. | |||||
• | Вкупно | $117,562 милијарди (47ма) | ||||
• | По жител | $1,351.718 (117та) | ||||
Џиниев коеф. (2009) | 43.0[3] среден · 44 |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.660[4] среден · 117та |
|||||
Валута | Пезо (Филипински: piso ) (PHP ) |
|||||
Часовен појас | ФСТ (UTC+8) | |||||
НДД | .ph | |||||
Повик. бр. | 63 | |||||
1. | Шпански и Арапски се промовирани како доброволни. |
На север од Филипините преку Лусонското Море е Тајван; Виетнам се наоѓа на западната страна од Јужнокинеското Море; кон југозападот Сулското Море ги одвојува Филипините од островот Борнео, а Целебеското Море одделува од други индонезиски острови; кон исток излегува на Филипинското Море. Со оглед на тоа што се наоѓа во Тихиот Океан и во близина на екваторот, Филипините се изложени на земјотреси и тајфуни, но изобилуваат со големи природни ресурси, што ги става меѓу земјите со најразновидна флора и фауна. Со површина од околу 300.000 км2, Филипините се 64. држава по големина во светот.
Филипините имаат 100 милиони жители,[6] што ги прави седми во Азија и на дванаесеттото место во светот. Филипинската дијаспора е една од најбројните и се проценува дека околу 12 милиони Филипинци живеат надвор од матичната држава. Постојат многу етнички групи кои живеат на филипините. Првите жители биле Негритите кои се населиле уште во праисторијата. По нив, австронезијските народи пристигнале во неколку наоди. Во текот на вековите тука се населиле припадници на различни народи и нации, и за тоа придонела трговијата со кинезите, малајците, индијците и со исламските земји.