Повеќето оптички појави се објаснуваат со помош на електродинамичкиот опис на светлината. Користењето на електромагнетни описи за светлината го отежнува објаснувањето на светлинските појави во секојдневието. Применетата оптика користи упростени модели. Најчесто употребуван метод е т.н. геометриска оптика, кој светлината ја разгледува како збир од зраци кои се движат праволиниски, се прекршуваат или одбиваат кога минуваат нз најразлични средини. Брановата оптика е поопфатен модел за светлината, кој вклучува бранови појави како што се дифракција и интерференција кои не можат да се објаснат со геометриската оптика. Историски, зрачно-заснованиот модел за светлината се развива првично, по што следи брановиот модел на светлината. Напредокот во електромагнетната теорија во XIX век доведе до откритието дека светлинските бранови се всушност електромагнетно зрачење.
Некои појави зависат од фактот дека светлината ги поседува одликите на бран и честичка истовремено. Објаснувањето на овие ефекти побарува употреба на квантна механика. Кога светлината се разгледува како честички, светлината се претставува како збир од честички наречени „фотони“. Квантна оптика е дел од оптиката кој се занимава со употребата на квантномеханички методи во оптичките системи. (Дознајте повеќе...)
... дека според преданието, средновековниот утврден град Женско во Кукушко бил така наречен бидејќи имал толку силни кули и бедеми, што можеле да го бранат жени?
... дека разбојот на Жозеф Мари Жакар од 1805 г. работел на програми со дупчени картички и послужил како основа за развојот на сметачите?
28 јануари2010: Во Велес е промовирано звучно списание кое е наменето за слепи лица. Списанието е издадено од страна на Здружението на слепи лица во Македонија. Makfax
28 јануари2010: Воен авион се урнал во градот Котобато во јужниот дел на азиската држава Филипини. Според првичните информации осум лица ги загубиле своите животи, вклучивајќи го и пилотот. Netpress
28 јануари2010: Германската компанија Сименс поради падот на производството и побарувачката е принудена да затвори 1.990 работни места. Најпогодени делови биле деловите за управување и индустриски решенија. МК фондови
28 јануари2010: По повод 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на македонскиот писател Славко Јаневски, во просториите на МАНУ беше одржана свечена пригода и беа прочитани делови од неговите дела. Makfax
28 јануари2010: Фудбалерот на италијанскиот клуб Фиорентина Адријан Муту добил позитивни резултати на допинг тестот кој го направил италијанскиот олимписко комитет. Тестот бил направен по завршувањето на мечот против ФК Бари на 10 јануари. Netpress
Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година.
Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата.
Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот.
Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ.