Светлина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светлината (видлива светлина) претставува електромагнетно зрачење, чија бранова должина е видлива за човековото око. Начинот на кој зрачењето од овој дел од електромагнетниот спектар стапува во интеракцији со материјалите не се разликува по ништо во однос на ултравиолетовото здрачење.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Во поширока дефиниција, светлината е електромагнетно зрачење на која било бранова должина. Постојат 3 големини кои ја условуваат светлината:
- Интензитет или замав (амплитуда), која најчесто е поврзана со човечката перцепција за јачина на светлината
- Честота (честота) или бранова должина, која луѓето ја забележуваат како боја на светлината
- Поларизација или агол на треперење, која не е забележлива со човечките сетила при нормални околности.
Бидејќи светлината постои како двојност од бран и честичка, таа ги добива својствата и на бран и на честичка. Точната природа на светлината е едно од клучните прашања на кое се обидуваат да одговорат физичарите.