Верденски договор
договор од 843 г. за со кој Франкија е поделена помеѓу внуците на Карло Велики / From Wikipedia, the free encyclopedia
Верденски договор (француски: Traité de Verdun) — политички договор склучен во август 843 г. со кој Франкија е поделена на три кралства, возглавени од Лотар I, Лудвиг II и Карло II, трите сина на царот Лудвиг Побожниот, син на Карло Велики. Договорот е склучен по речиси тригодишна граѓанска војна и преговори кои траеле повеќе од една година. Претставува првата од низа поделби кои довеле до распадот на царството создадено од Карло Велики и посреден чинител во подоцнежниот настанок на многу земји во западна Европа.
Кратки факти Потпишан, Место ...
Потпишан | ок. 10 август 843 |
---|---|
Место | Верден, Франкија |
Странки |
Затвори
Овој договор е првиот од четирите договори за поделба на Каролиншкото Царство, проследен од договорите од Прим (855), Мерсен (870) и Рибмон (880).