Западна Европа
регион кој ги сочинува западните земји на Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Западна Европа е еден од регионите на Европа. Овој регион граничи со Јужна Европа на југ, Средна Европа на исток, Северна Европа на север и со Атлантскиот Океан на запад. Западна Европа, главно, ги опфаќа териториите што излегуваат на Атлантскиот Океан. Поради тоа таа се нарекува и Атлантска Европа.Дел од неа е на европското копно, а дел се островски територии. Непосредниот излез на море на државите од Западна Европа им овозможува широка и слободна комуникација со светот. Каналот Ламанш (меѓу Франција и Велика Британија) е мошне важен за морскиот сообраќај на западноевропските држави со другите држави од светот. Големите реки со својата пловност овозможуваат комуникација длабоко во внатрешноста на државите. Движењето на Голфската морска струја покрај бреговите на Западна Европа придонесува за формирање на мошне пријатно климатско поднебје. Природните погодности во Западна Европа овозможиле висока стопанска развиеност, така што сите држави се одкликуваат како високоразвиени индустриски земји кои влијаат и врз развојот на другите делови од светот. Една од причините за тоа е фактот што, покрај Шпанија и Португалија, скоро сите држави од Западна Европа формирале големи колонијални поседи по светот. Таму се користеле и се користат големи природни богатства и суровини. Погодните природни и создадените услови во Западна Европа се главна одредница за нивната географска положба. Спред тоа, се констатира дека Западна Европа се одликува со мошне поволна географска положба.