Социјалистичка Федеративна Република Југославија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Социјалистичка Федеративна Република Југославија (скратено СФРЈ) — поранешна европска и балканска држава, која постоела од 1943 до 1992. СФРЈ е скратениот назив на Југославија.
Socijalistička Federativna Republika Jugoslavijaa Социјалистичка Федеративна Република Југославијаb Socialistična federativna republika Jugoslavijac | ||||||||||||||||||||||
Федерација | ||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||
Гесло Братство и единство (македонски) Bratstvo i јеdinstvo/Братство и јединство (српскохрватски) Bratstvo in enotnost (словенечки) | ||||||||||||||||||||||
Химна Хеј, Словени/Hej, Slovani | ||||||||||||||||||||||
Главен град | Белград | |||||||||||||||||||||
Јазици | српски, хрватски, словенечки и македонски[1](АВНОЈ 1944. - 1963. во Сојузна скупштина: 1945. - 1963.) српскохрватски: СР Босна и Херцеговина, СР Србија, СР Хрватска, СР Црна Гора словенечки: СР Словенија македонски: СР Македонија | |||||||||||||||||||||
Уредување | Социјалистичка република | |||||||||||||||||||||
Претседател | ||||||||||||||||||||||
- | 1945 - 1953 | Иван Рибар | ||||||||||||||||||||
- | 1953-1980 | Јосип Броз Тито | ||||||||||||||||||||
Премиер | ||||||||||||||||||||||
- | 1945 - 1963 | Јосип Броз Тито | ||||||||||||||||||||
- | 1989 - 1991 | Анте Марковиќ | ||||||||||||||||||||
Историски период | Студена војна | |||||||||||||||||||||
- | Прокламација | 29 ноември 1943 1943 | ||||||||||||||||||||
- | Членство во ОН | 24 октомври 1945 | ||||||||||||||||||||
- | Устав | 21 февруари 1974 | ||||||||||||||||||||
- | Распад | 27 април 1992 1992 | ||||||||||||||||||||
Површина | ||||||||||||||||||||||
- | 1991 | 255804 км² | ||||||||||||||||||||
Население | ||||||||||||||||||||||
- | 1991 | 23229846 | ||||||||||||||||||||
Густина | 90.8 жит/км² | |||||||||||||||||||||
Валута | Југословенски динар | |||||||||||||||||||||
Повик. бр. | +38 | |||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||
a Името на државата на српскохрватски и македонски јазик (името е исто на двата јазика), со латинична транскрипција. (Види ја секцијата Етимологија за повеќе информации.) b Името на државата на српскохрватски и македонски јазик (името е исто на двата јазика), со кирилична транскрипција. (Види ја секцијата Етимологија за повеќе информации.) c Името на државата на словенечки. Словенечкиот јазик се пишува само со латинично писмо. (Види ја секцијата Етимологија за повеќе информации.) |
Формирана е на 29 ноември 1943 на Второто заседание на АВНОЈ во Јајце како заедница на 5 народи и 6 републики (Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора), со првобитно име Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ). На ова заседание немало македонски претставници. Тоа име е променето на 29 ноември 1945 на Третото заседание на АВНОЈ во Белград, во Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ), за конечно на 7 април 1963 да го добие името Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).
Социјалистичка Федеративна Република Југославија е наследничка на Кралството Југославија (1918-1943). За еден од најважните моменти што подоцна влијаеја Југославија да се распадне, се смета неуспехот на Вонредниот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија, во Белград, на 22.1.1990. Престанува да постои во 1992, со отцепувањето на 4 од 6-те републики. Србија и Црна Гора, формираа нова заедница - најпрво Сојузна Република Југославија, а подоцна во 2003-та државната заедница Србија и Црна Гора.
СФРЈ се граничела со Италија и Австрија на северозапад, Унгарија и Романија на север, Бугарија на исток, и Грција и Албанија на југ. Западниот дел на републиката излегувал на Јадранско Море.
Југославија била важен член на Движењето на неврзаните за време на Студената војна.