Сонце
ѕвездата на нашиот Сончев систем / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сонце (латински: Sol) — ѕвезда од класата на жолти џуџиња која се наоѓа во центарот на Сончевиот Систем.[12] Земјата и друга материја (вклучувајчи други планети, астероиди, метеороиди, комети и вселенска прашина) орбитираат околу Сонцето[13], кое самото претставува 98,6 % од целокупната маса на сончевиот Систем, а тежи околу 200.000 пати повеќе од Земјата. Растојанието меѓу Сонцето и Земјата е приближно 149.600.000 километри и неговата светлина го минува ова растојание за 8,3 минути. Енергијата од Сонцето, во форма на сончева светлина, го одржува скоро целиот живот на Земјата преку фотосинтеза[14] и ја управува Земјината клима и време.
Сонцето во видливиот дел на спектарот при што е филтрирана белата светлина на 8 јули 2014 година. Можат да се забележат рабното затемнување и бројните сончеви дамки. | |
Податоци добиени од набљудувањата | |
---|---|
Средно растојание од Земјата | 1,496⋅108 км 8 мин 19 с со брзина на светлината |
Видлива сјајност (V) | −26,74[1] |
Апсолутна величина | 4,83[1] |
Спектрална класификација | G2V |
Металичност | Z = 0,0122[2] |
Аголна големина | 31,6–32,7′[3] |
Орбитални особености | |
Средно растојание од центарот на Млечниот Пат | ≈ 2,7⋅1017 км 27.200 сг |
Галактички период | (2,25–2,50)×108 a |
Брзина | ≈ 220 км/с (во орбита околу центарот на галаксијата) ≈ 20 км/с (релативно во однос на просечната брзина на останатите ѕвезди во соседството) ≈ 370 км/с[4] (релативно во однос на космичкото позадинско зрачење) |
Физички особености | |
Екваторски полупречник | 696.342 ± 65 км[5] 109 × Земјени полупречници[6] |
Екваторска обиколка | 4,379⋅106 км[6] 109 × Земјини обиколки[6] |
Сплеснатост | 9⋅10-6 |
Површина | 6,09⋅1012 км2[6] 12.000 × Земјени површини[6] |
Зафатнина | 1,41⋅1018 км3[6] 1.300.000 × Земјини зафатнини |
Маса | (1,98855 ± ,00025)⋅1030 kg[1] 333.000 × Земјени маси[1] |
Просечна густина | 1,408 г/см3[1][6][7] 0,255 × Земјени густини[1][6] |
Јадрена густина (модел) | 162,2 г/см3[1] 12,4 × Земјини густини |
Екваторска површинска гравитација | 274,0 м/с2[1] 27,94 g 27.542,29 cgs 28 × Земјени[6] |
Прва космичка брзина за Сонцето (од површината) | 617,7 км/с[6] 55 × Земјина[6] |
Температура | Центар (модел): 1,57⋅107 K[1] Фотосфера (делотворна): 5.778 K[1] Корона: ≈ 5⋅106 K |
Сјајност (L) | 3,846⋅1026 W[1] ≈ 3,75⋅1028 lm ≈ 98 lm/W ефикасност |
Средна јачина на зрачењето (I) | 2,009⋅107 W·m−2·sr−1 |
Старост | ≈4,6 милијарди години[8][9] |
Вртежни особености | |
Закосеност | 7,25°[1] (во однос на еклиптиката) 67,23° (во однос на галактичката рамнина) |
Ректасцензија од Северниот Пол[10] | 286,13° 19 ч 4 мин 30 с |
Деклинација од Северниот Пол | +63,87° 63° 52' северно |
Ѕвезден вртежен период (при екваторот) | 25,05 денови[1] |
(на 16° должина) | 25,38 денови[1] 25 д 9 ч 7 мин 12 с[10] |
(на половите) | 34,4 денови[1] |
Вртежна брзина (на екваторот) | 7,189⋅103 км/ч[6] |
Состав на фотосферата (според маса) | |
водород | 73,46%[11] |
хелиум | 24,85% |
кислород | 0,77% |
јаглерод | 0,29% |
железо | 0,16% |
неон | 0,12% |
азот | 0,09% |
силициум | 0,07% |
магнезиум | 0,05% |
сулфур | 0,04% |
Површината на Сонцето се состои од водород (околу 74 % од неговата маса, или 92 % од неговата зафатнина), хелиум (околу 24 % од масата, 7 % од зафатнината) и мали количини на други елементи, вклучувајќи железо, никел, кислород, силициум, сулфур, магнезиум, јаглерод, неон, калциум и хром[15] . Сонцето има G2V ѕвездена класа. G2 значи дека има површинска температура од приближно 5.780 К (5.500 °C), давајќи му бела боја која често заради атмосферското прекршување изгледа жолто кога се гледа од површината на Земјата.
Кога ќе почне да го снемува водородното гориво на Сонцето , тоа ќе прерасне во многу поголема и посјајна ѕвезда наречена црвен џин. Тоа на крај ќе ги отфрли своите надворешни слоеви во вселенскиот простор. Од сонцето тогаш ќе остане само мошне густа ѕвезда наречена бело џуџе пред конечно да се излади и да изгасне и да стане црно џуџе.