Површинска гравитација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Површинска гравитација (симб. g) — гравитациското забрзување на површината на едно небесно тело. Може да се претстави како забрзувањето кое го доживува претпоставена честичка што се наоѓа многу блиску до површината на објектот и која има занемарлива маса.
Може да се изрази со метри во секунда на квадрат според СИ-системот, или како кратно од стандардна површинска гравитација Земјата, која е g = 9,80665 м/с².[1] Во астрофизиката, површинската гравитација може да се изрази логаритамски (log g) на десетична основа, при што единицата за забрзување е сантиметарот во секунда на квадрат.[2] Така, површинската гравитација на земјата во СГС-единици би била 980,665 см/с², со десетичен логаритам (log g) 2,992.
Површинската гравитација на едно бело џуџе е многу голема, а уште поголема е онаа на неутронска ѕвезда. Збиеноста на неутронската ѕвезда ѝ овозможува да достигне површинска гравитација од 7×1012 м/с² со типични вредности од редот на 1012 м/с² (преку 1011 пати повеќе од Земјината). Оваа влеча е толку силна што би можела да се претстави како излезна (втора космичка) брзина од околу 100.000 км/с или една третина од брзината на светлината.