Јулијанска година (астрономија)
единица за време во астрономијата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јулијанска година (симбол: a или aj) — мерна единица за време во астрономијата дефиниран точно како 365,25 дена, секој со 86.400 секунди според SI-системот.[1][2][3][4] Траењето на јулијанската година е просечното траење на годината во јулијанскиот календар. Сепак, бидејќи астрономските јулијанските години изразуваат времетраење а не означуваат датуми, оваа јулијанска година не соодветствува на годините во јулијанскиот календар или било кој друг. Ниту пак одговара на ниеден од многуте начини на кои се дефинира годината.