Рабин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рабин (хебрејски: rabi — „мој учител“) — ракоположен толкувач на Библијата и усната наука. Поимот веројатно потекнува од Палестина од почетокот на I век и се однесувал на секое лице чие познавање на рабинската книжевност било доволно за да му овозможи да одлучува за прашања од еврејскиот закон.[1] Институцијата на професионален, платен рабин се појавила дури во доцниот среден век, кога рабините биле назначувани за верски водачи на заедниците и кога од нив се очекувало целото свое време да го посветат на дејностите на заедницата, што главно се одразувало во одлучување за сите прашања во областа на еврејското право, дејствувајќи како судија во граѓански и кривични предмети, водејќи јешива и надгледувајќи различни верски институции, како што се ритуалното колење, системот на основно училиште, ритуалните бањи (миквех) итн. До XIX век, проповедањето не било главната дејност на рабинот.
Категорија |
Движења |
---|
Ортодоксизам · Конзервативизам · Реформизам |
Харедизам · Хасидизам · Современ Ортодоксизам |
Реконструкционизам · Еврејска обнова |
Рабинизам · Хуманистицизам · Караимизам · Самарјанство |
Еврејска филозофија |
Начела на верата · Кабала |
Бог · Месија |
Избраници · Холокауст |
Етика · Мусаризам |
Свети текстови |
Тора · Танах · Талмуд · Мидраш · Тосефта |
Рабинска литература · Кузари |
Чумаш · Сидур · Пијут · Зохар |
Право |
Тур · Шулхан Арух · Мишна Берурах |
Мишне Тора · Арух Хашулхан · Кашрут · Цниут |
Цедака · Нида · Ноеви закони |
Свети градови |
Ерусалим · Сафед · Хеврон · Тиберијада |
Свети места |
Синагога · Бет мидраш · Микве · Сука |
Хевра кадиша · Светиот Храм · Скинија |
Важни личности |
Аврам · Сара · Исак · Ребека |
Јаков · Рахила · Леа · Мојсеј |
Дебора · Соломон · Давид |
Еврејска култура |
Брит · Бар мицва и Бат мицва · Јешива · Брак |
Нида · Пидјон Хабен · Смрт · Колел · Хедер |
Религиски занимања |
Рабин · Ребе · Посек |
Хазан · Дајан · Рош јешива · Моел · Коен |
Верски предмети |
Талит · Тефилин · Кипа · Сефер Тора · Гартел |
Цицит · Мезуза · Менора · Шофар · Кител |
Четири врсти · Етрог · Лулав · Адас · Арава |
Еврејски молитви и Обреди |
Шема Јизраел · Амида · Алеину · Кол Нидре |
Кадиш · Халел · Хавдала · Биркат амазон |
Шехехејану · Таханун · Селихот |
Јудаизмот и останатите религии |
Христијанство · Ислам · Хиндуизам |
Јудео-христијанизам · Аврамски религии |
Јудео-паганство · Религиски плурализам |
Поврзани теми |
Антисемитизам · Критики · Ционизам |
Исус · Израел · Евреи |
Статусот рабин се стекнува дури по долгогодишно проучување на Талмудот и рабинските кодекси и полагање испити кај високоценети учени и побожни рабини. Во XIX век, биле основани рабински семинарии и установи, чија намена била да обучуваат рабини во Западна Европа и САД. Улогата на современиот рабин, кој обично е високообразован, е сосема поинаква од улогата на рабинот од пред XIX век, особено меѓу американските Евреи. Освен во случајот со некои правоверни рабини, неговата главна дејност повеќе не е да биде правен стручњак и судија. Исто така, не е во негова надлежност да ја надгледува мрежата на верски институции што ја опфаќа целата заедница. Наместо тоа, тој служи како духовен водач на верска заедница или синагога, а голем дел од своето време е посветен на водење услуги и проповедање, образование на младите и возрасните, чинодејствување на свадби и погреби, советување, меѓуверски дејности, учество во добротворни цели во заедницата итн.
Ракополагањето за рабин во ортодоксниот јудаизам го врши јешива или, во некои случаи, оној рабин што врз основа на својата ученост, го заслужил правото да ракополага други. Во конзервативниот јудаизам, ова го прави семинаријата. некои конзервативни рабини се обидуваат да добијат и ортодоксно именување. Во реформскиот јудаизам, назначувањето го врши признато теолошко училиште. Во сите овие гранки има рабини кои основале теолошки школи од други земји. Денес, голем број жени служат како рабини во реформистичките и реконструкционистичките конгрегации.
Меѓу различните еврејски деноминации постојат различни барања за рабинско ракополагање и разлики во мислењата за тоа кој е признат како рабин. На пример, само мал број ортодоксни еврејски заедници прифаќаат ракополагање на женски рабини.[2] [3] Неортодоксните движења избрале да го сторат тоа, како што веруваат, од халахички причини (конзервативен јудаизам), како и етички причини (реформски и реконструкционистички јудаизам).[4]