Сара
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сара (грчки: Σαρρα, библиски хебрејски: שָׂרָה) — жена на Авраам и мајка на Исак, првата од четирите прамајки на еврејскиот народ. Сара е најпопуларното женско еврејско име. Таа е и полусестра на Авраам, од друга мајка и десет години помлада од него. По настојување на Сара, Авраам ги протерува Исмаил и Агара. Исмаил е син на Авраам со Агара, која е и слугинка на Сара и наложница на Авраам. Библијата ги раскажува предизвиците на неплодноста на Сара, нагласувајќи ја цврстата вера на Авраам во Божјето ветување за изобилно потомство. По значајните археолошки наоди во XX век, станува очигледно дека оваа библиска приказна, која претходно се сметала за мит, била широко распространета и споделена меѓу епските приказни и древните култури на Блискиот Исток.[1][2]