Привремена влада на Француската Република
From Wikipedia, the free encyclopedia
Привремена влада на Француската Република (француски: Gouvernement provisoire de la République française (GPRF)) — привремена влада на Слободна Франција помеѓу 3 јуни 1944 и 27 октомври 1946 година, по ослободувањето на континентална Франција по операциите „Оверлорд“ и „Змеј“, и тралеа до формирањето на Четвртата Француска Република. Нејзиното основање го означило официјалното обновување и повторно воспоставување на привремена Француска Република, обезбедувајќи континуитет со непостоечката Француска Трета Република.
Француска Република | ||||||
République française | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Франција со своите протекторати и воена администрација во Германија | ||||||
Главен град | Париз | |||||
Јазици | Француски | |||||
Вероисповед | Секуларна држава | |||||
Уредување | Трипартизам | |||||
Историски период | Втора светска војна | |||||
- | Основана | 3 јуни 1944 | ||||
- | Десант на Нормандија | 6 јуни 1944 | ||||
- | Операција Змеј | 15 август 1944 | ||||
- | Ослободување на Париз | 25 август 1944 | ||||
- | Предавање на Германија | 8 мај 1945 | ||||
- | Четврта Француска Република | 27 октомври 1946 | ||||
Валута | Француски франк | |||||
Денес во | Франција | |||||
Го наследил Францускиот комитет за национално ослободување (CFLN), кој бил привремена влада на Франција во прекуокеанските територии и метрополитенските делови на земјата (Алжир и Корзика) кои биле ослободени од Слободните Французи. Како воена влада на Франција во 1944-1945 година, нејзините главни цели биле да се справи со последиците од окупацијата на Франција и да продолжи да води војна против Германија како еден од главните сојузници.
Нејзината главна мисија (покрај војната) била да го подготви теренот за нов уставен поредок што резултирал со Четвртата република. Исто така, донел неколку важни реформи и политички одлуки, како што било давање право на глас на жените, основањето на национална школа за администрација и поставување на основите на социјалното осигурување во Франција.