Национален конвент
From Wikipedia, the free encyclopedia
Националниот конвент (француски: [Convention nationale] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) бил највисокото законодавно тело на Првата Француска Република, кое заседавало од 21 септември 1792 до 26 октомври 1795 година во екот на Француската револуција.
Конвентот бил создаден откако Законодавното собрание одлучило привремено да го суспендира кралот Луј XVI и да конституира Национален конвент кој требало да подготви нов устав во кој не е вклучена монархијата. На општите избори за членови на Конвентот учествувале сите мажи (со исклучок на домашните службеници) со наполнети 21 година. Така, Националниот конвент е првиот француски парламент заснован на универзалното право на глас и првото француско собрание избрано со избирачко право без класни разлики.[1]
Иако Конвентот опстојал до 1795 година, избраните пратеници немале политичка и правна моќ. Од април 1793 година, моќта била сконцентрирана во малиот Комитет за јавна безбедност. Од есента 1793 година до пролетта 1794 година, кога Максимилијан Робеспјер со своите сојузници влијаел врз Комитетот за јавна безбедност, се случила најрадикалната и најкрвавата фаза од Француската револуција, позната како Владеење на теророт. По падот на Робеспјер, Конвентот постоел уште една година а потоа бил напишан нов устав, со кој бил воведен Францускиот директорат.