Француска револуција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Француската револуција — движење што ја потресе Франција меѓу 1789–1799 и претставува период на голема политичка и општествена промена во француската политичката историја, но и на Европа во целина. Во неа, француската структура на власта, претходно апсолутна монархија со феудални привилегии за аристократијата и католичкото свештенство, претрпела радикална промена во форми инспирирани од просветителските идеали на република, граѓанство и неотуѓиви права.
Француска револуција | |
---|---|
Нападот на Бастилја, 14 јули 1789 | |
Други имиња | Француска Револуционерна војна |
Учесници | Француско општество |
Место | Франција |
Датум | 1789–1799 |
Овие промени биле проследени со насилни немири, вклучувајќи и масовни погубувања и репресија за време на таканареченото Владеење на Теророт, како и со француските револуционерни војни, кои ќе зафатат голем дел од континентална Европа, со создавање на краткотрајни француски клиентски држави (сестрински држави) и менување на европските граници.