Покраини во Италија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во Италија, покраината (итал. provincia) — административна единица помеѓу општината (comune) и регионот (regione).
Една покраина се состои од многу општини, а обично неколку покраини регион. Регионот Аостинска Долина е единствениот кој, во потесна смисла, нема покраини: административните функции на неговата покраина ги врши соодветната регионална влада. Меѓутоа во друга смисла, овој регион може да се смета и за покраина. Секоја покраина ја води претседател или комесар кој стои на чело на покраинската извршна управа и делува заедно со покраинскиот совет. Претседателот и советот се назначуваат со освени гласови од градоначалниците и советниците на секоја општина.
Земјата има вкупно 107 покраини (вклучувајќи ја Аостинската Долина), од кои три се новоорганизирани, и ќе стапат во сила како единици дури во 2009 г. На списокот со задебелени букви означени се покраините чии главни градови се воедно и главни градови на регионот во кој припаѓаат.
Некои од покраините имаат формален статус на метрополски градови[1] или слободни општински здруженија. Во Сицилија сите покраини во 2013 г. се заменети со вакви здруженија.