Покраина
административно-територијална единица во некои земји / From Wikipedia, the free encyclopedia
Покраина територијална и административна единица во рамките на некоја суверена држава.
Во многу земји оваа целина се нарекува „провинција“,[1] што потекнува од латинските поими pro- („во име на“) и vincere („победува, запоседнува“). Така, провинцијата претставувала територија под власта на римски магистрат кој ја управувале во име на неговата држава. Во тој облик, првите провинции се јавуваат во републиканскиот период и се однесуваат на поголеми подрачја под римско владение (на пр. провинцијата Македонија).
Во многу федеративни и конфедеративни држави, покраината не е јасно потчинета на централната власт, туку се смета за суверена во однос на разни уставни функции. Класичен случај од оваа категорија се Косово и Метохија и Војводина во СФРЈ.