Региони во Италија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Регионите во Италија (итал. Regioni) се управни единици со извесна автономија по Уставот од 1948, кој вели дека тој има за цел: да ја признае, заштити и унапредува локалната автономија, да се погрижи владините служби да бидат што помалку централизирани и да ги прилагодат принципите и законите воспоставувајќи автономија и децентрализација.
Меѓутоа, пет региони (Фурланија-Јулиска Краина, Сардинија, Сицилија, Трентино-Јужен Тирол и Аостинска Долина) имаат специјален статус на автономија со свое регионално законодавство за извесни локални работи; основано на културата, географската местоположба и на присуството на важни малцинства. Другите 15 обични региони биле делотворно воспоставени во раните 1970-ти години.
Секој регион има свој избран совет Giunta Regionale (извршен совет) на чело со директно избран претседател. Овој совет одговара пред генералниот совет и мора да си даде оставка (да се распушти) доколку изгуби на доверба кај генералниот совет.
Регионите главно служат за децентрализација на државната машинерија. Уставната реформа во 2001 значително ја зголемила способноста на регионите, особено во врска со законодавната власт и најголемиот дел од државните контроли биле укинати.
Во 2005 централно-десничарската влада на чело со Силвио Берлускони предложила крупна реформа во уставот во која се содржи големо зголемување на самоуправата во здравството и школството. Во јуни 2006, предлозите, кои се тесноповрзани со владините партнери на Берлускони, Северна лига (Lega Nord), и гледани како пат кон фенерална држава, биле отфрлени на референдум во сооднос од 61,7% на 38,3%.
Провинцијалните и општински влади работат по слични принципи: советите и изршните совети (giunte) провинциски претседатели или општински градоначалници.
Федерализмот во регионалната автономија е голема политичка тема во последно време, несомнено потпомогната од поновите партии како Северна лига.