Палеоген
From Wikipedia, the free encyclopedia
Палеоген (неофицијално долен или ран терцијар) е геолошки период кој траел 43 милиони години; започнал по завршувањето на периодот креда пред 66 милиони години и траел до почетокот на неогенот пред 23.03 милиони години. Со овој период започнува кенозојската ера од тековниот фанерозојски еон. Порано за овој период се користел терминот терцијар, за да се дефинира временскиот распон кој сега е поделен на палеоген и следниот период неоген; и покрај тоа што повеќе не се користи како официјален стратиграфски поим, терминот „терцијар“ сè уште често се употребува во научната литература и останува во неофицијална употреба.[1] За означување на палеогенот најчесто се користи кратенката Pg (но Геолошкиот институт на САД ја користи кратенката PE).[2][3]
ЕРА | ПЕРИОД |
Кенозоик | Квартар |
Неоген | |
Палеоген | |
Мезозоик | Креда |
Јура | |
Тријас | |
Палеозоик | Перм |
Карбон | |
Девон | |
Силур | |
Ордовик | |
Камбриум |
За време на палеогенот, цицачите се диверзифицирале од релативно мали, едноставни форми во голема група разновидни животни.[4][4]
Палеогенот е поделен на палеоцен, еоцен и олигоцен. Крајот на палеоценот (пред 56 милиони години) се одликува со палеоцен-еоценскиот топлински максимум, еден од најзначајните периоди на глобални промени за време на кенозоикот, кога имало нарушување на океанската и атмосферската циркулација и довело до истребување на многу длабокоморски фораминифери, а на копно цицачите доживуваат експанзија. Терминот „палеогенски систем“ се однесува на карпите депонирани во „палеогенскиот период“.