Камбриум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Камбриумот е најраниот период од Палеозојската ера (Палеозоик) кој го опфаќа времето од пред околу 555 и 505 милиони години. Тој е именуван по Камбрија, каде за првпат се испитувани карпите од овој период.
ЕРА | ПЕРИОД |
Кенозоик | Квартар |
Неоген | |
Палеоген | |
Мезозоик | Креда |
Јура | |
Тријас | |
Палеозоик | Перм |
Карбон | |
Девон | |
Силур | |
Ордовик | |
Камбриум |
Во геолошката временска скала, Камбриумот е сместен помеѓу Предкамбриумот и Ордовикот. Тој обележува една важна етапа во историјата на животот на Земјата. Тоа е затоа што тогаш се појавиле поглавните групи на животни. Фосили кои се среќаваат во Камбриумот се:
- фосили од едиакарската фауна
- првите посложени фосили-траги
- првите фосили од черупкеста фауна
- фосили на типичната камбриска макрофауна.