Неоген
From Wikipedia, the free encyclopedia
Неогенот (неофицијално горен или доцен терцијар), е геолошки период кој траел 20,45 милиони години; започнал по завршувањето на палеогенот пред 23,03 милиони години и траел до почетокот на кватарот пред 2.58 милиони години. Неогенот е поделен на две епохи: миоцен и плиоцен. Некои геолози тврдат дека неогенот не може јасно да се разграничи од актуелниот геолошки период, квартарот.[1] Терминот „неоген“ бил измислен во 1853 година од австрискиот палеонтолог Мориц Хернес (1815–1868).[2]
ЕРА | ПЕРИОД |
Кенозоик | Квартар |
Неоген | |
Палеоген | |
Мезозоик | Креда |
Јура | |
Тријас | |
Палеозоик | Перм |
Карбон | |
Девон | |
Силур | |
Ордовик | |
Камбриум |
Во овој период, цицачите и птиците продолжиле да еволуираат во современи форми, а другите групи на живот останале релативно непроменети. Кон крајот на овој период во Африка се појавиле првите луѓе (Хомо хабилис).[3] Имало и континентални придвижувања, а најзначаен настан бил поврзувањето на Северна и Јужна Америка кај Панамскиот Провлак, доцна во плиоценот. Ова поврзување на континентите ги прекинал топлите океански струи од Тихиот до Атлантскиот Океан, а само Голфската струја останала да ја пренесува топлината во Северноледениот Океан. Климата значително се оладила за време на неогенот, и тоа кулминирало со низа континентални заледувања во следниот период, квартар.