Нордернај
германски остров во Северното Море / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нордернај (германски: Norderney; долногермански: Nördernee) — еден од 32. Фризиски Острови и град во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Балтрум (исток) и Јист (запад).
Нордернај
Norderney | ||
Поглед на Нордернај од запад | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Аурих | |
Градски единици | Фишерхафен, Нордхелмзидлунг | |
Градоначалник | Франк Улрихс (SDP) | |
Основни податоци | ||
Површина | 26,3 км2 | |
Надм. височина | 5 м | |
Население | 6.032 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 229 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | AUR, NOR | |
Пошт. бр. | 26548 | |
Повик. бр. | 04932 | |
Портал | norderney.de | |
Местоположба на градот Нордернај во рамките на округот Аурих | ||
Координати | 53°42′26″N 7°8′49″E |
Ова е деветти по големина остров во Германија, долг 14, а широк 2,5 километри, и со вкупна површина од 26,3 км2. Населението брои околу 6.051 жител. Во 1946 година Нордернај станал општина во состав на тогашниот округ Аурих. На северната страна од островот се протега песочна плажа во должина од 14 километри.
На исток е соседниот остров Балтрум, оддалечен 800 метри преку морскиот ракав Вихтер Ее. Од западна страна е островот Јист, на растојание од 3 километри преку ракавот Нордернајски Гат.
Сета источна половина на Нордернај му припаѓа на Националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Овие делови се поделени на зони со различни степени на заштита и можност за пристап. Поради присуството на паркот, на целиот остров важи строго ограничен сообраќаен режим за моторни возила.
Островот е поврзан со копното со траект кој сообраќа до пристаништето Норддајх во градот Норден. Има и мал аеродром со еднокилометарска писта.