Јист
остров и општина во округот Аурих, Источна Фризија, Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јист (германски: Juist; долногермански: Juist) — еден од 32. Фризиски Острови и општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Боркум (запад), Мемерт (југозапад) и Нордернај (исток).
Кратки факти Земја, Местоположба на Јист во рамките на округот Аурих ...
Јист | ||
Воздушен поглед на Јист од исток | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Аурих | |
Месни единици | 2 | |
Градоначалник | Тјарк Гергес | |
Основни податоци | ||
Површина | 16,43 км2 | |
Надм. височина | 3 м | |
Население | 1.534 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 93 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | AUR | |
Пошт. бр. | 26557–26571 | |
Повик. бр. | 04935 | |
Портал | juist.de | |
Местоположба на Јист во рамките на округот Аурих | ||
Координати | 53°40′43″N 6°59′51″E |
Затвори
Островот е долг 17 километри, а широк од 500 до 1000 метри, во зависност од водостојот на плимата. На островот постојат две села: главното село Јист и Лог. Островот е одвоен од Норденај со морскиот премин Нордернај („гат“).