Источнофризиски Острови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Источнофризиски Острови (германски: Ostfriesische Inseln; фризиски: Eastfryske eilannen) — островска верига во Северното Море, недалеку од брегот на Источна Фризија во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Веригата се протега во должина од 90 км од запад кон исток, помеѓу устијата на реките Емс и Јаде / Везер, а на оддалеченост од 3,5 до 10 км од брегот. Подрачјата помеѓу копното и островите се прекриени со пространи плитаци (приливни блата), месно наречени „вати“ (Watten), кои се дел од водната површина наречена Ваденско Море. Пред островите се простираат територијалните води на Германија, кои опфаќаат многу поголема површина од самите острови. Самите острови, околните наносни плитаци и територијалните води (кои се природен резерват) се во потесен еколошки заедем однос. Островската група зафаќа околу 5 % од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море на Саксонија.
Ostfriesische Inseln / Eastfryske eilannen | |
---|---|
Географија | |
Место | Ваденско Море |
Вкупно острови | 12 |
Поголеми острови | Боркум, Нордернај |
Управување | |
Германија | |
Покраина | Долна Саксонија |
Окрузи | Лер Аурих Витмунд Фризија |
Демографија | |
Етнички групи | Германци, Фризи |
Најголем остров во групата е Боркум, сместен на западниот крај на веригата. Истата има уште шест населени острови, од запад кон исток: Јист, Нордернај (со најголемото населено место во групата), Балтрум, Лангеог, Шпикерог и Вангероге. Има уште четири помали ненаселение острови: Литје Херн источно од Боркум, Мемерт и Кахелотплате (југозападно од Јист), Минзенер Ог (прокопан остров југоисточно од Вангероге) и Мелум на источниот крај на веригата, кој според Сојузната служба за заштита на природата денес е вон групата, и му припаѓа на приливното блато наречено Триаголник Елба-Везер (Watten im Elbe-Weser-Dreieck).