Кувајт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кувајт или официјално Држава Кувајт (арапски: دولة الكويت, dawlat al-kuwayt) — независна држава со емиратско општествено уредување во Југозападна Азија, поточно на Арапскиот Полуостров. Кувајт се граничи со Саудиска Арабија на југ, со Ирак на север и источно излегува на Персискиот Залив. Кувајт има вкупна површина од 20.000 км2 со население од околу три милиони жители. Главен и најголем град е градот Кувајт, додека пак службен јазик во емиратот е арапскиот јазик.
Држава Кувајт دولة الكويت Dawlat al-Kuwait |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Ел-Нашид ел-Ватани |
||||||
Главен град | Кувајт 29°22′N 47°58′E | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | арапски | |||||
Демоним | Кувајќанец | |||||
Уредување | емират | |||||
• | Емир | Мишал ел-Ахмед ел-Џебир ел-Сабах | ||||
• | Премиер | Ахмед Наваф ел-Ахман ел-Сабах | ||||
Основање | ||||||
• | прво населување | 1613 | ||||
• | Бани Утбах | 1705 | ||||
• | Анго-отоманска конвценција | 1913 | ||||
• | Независност од Обвединетото Кралство | 19 јуни 1961 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 20,000 км2 (157th) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за г. | 3.000.000[1] (137-ма) | ||||
• | Густина | 167.5 жит/км2 (68-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупен | $137.450 милијарди[2] (56-та) | ||||
• | По жител | $38,875[2] (11-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупно | $114.878 милијарди [2] (51-ва) | ||||
• | По жител | $32,491[2] (17-та) | ||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.814[3] многу висок · 46та |
|||||
Валута | кувајтски динар (KWD ) |
|||||
Часовен појас | AST (UTC+3) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .kw | |||||
Повик. бр. | +965 |
Историски, регионот бил дел од старата населба Харакена, главно партско пристаниште за трговија помеѓу Индија и Месопотамија. Племето Бани Утбах биле првите доминантни арапски доселеници во регионот и го основале денешниот емират. До 19 век, Кувајт бил под отоманско влијание и по Првата светска војна Кувајт бил под раководство на Британската Империја. Големите кувајтски нафтени полиња биле откриени во 1930-те години. По стекнувањето на својата независност во 1961 година, нафтената индустрија забележала голем развој. Во 1990 година, Кувајт бил окупиран и нападнат од Ирак. Окупацијата на Ирак траела седум месеци и завршила со почетокот на Заливската војна и интервенцијата на САД.[4]
Кувајт е уставна монархија со парламентарен систем на владеење каде градот Кувајт е главен политички и економски центар. Државата е петта држава во светот според нафтени резерви,[5] а петролејот зазема околу 95% од извозот или 80% од приходите на владата.[6] Покрај тоа, Кувајт е единаесетта најбогата држава во светот и според индексот за човеков развој е најразвиена арапска држава.[7] Кувајт е окаракетризирана како високоприходна економија од страна на Светската Банка и еден од главните партнери на НАТО и САД надвор од сојузите.[8]