Ирак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ирак е држава во Западна Азија, односно на Блискиот Исток. Се граничи со Кувајт и Саудиска Арабија на југ, со Јордан на запад, со Сирија на северозапад, со Турција на север и со Иран на исток. Главен град е Багдад. Независна држава е од 1932 година, а беше монархија сè до 1958 година.
Република Ирак جمهورية العراق Jumhūriyat Al-ʿIrāq كۆماری عێراق Komara Iraqê[1] |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: الله أكبر (арапски) "Allahu Akbar" (транслитерација) "Господ е најголем" |
||||||
Химна: Mawtini (нов) Ardh Alforatain (претходен) |
||||||
Главен град | Багдад 33°20′N 44°26′E | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | арапски, курдски | |||||
Демоним | ирачанец | |||||
Уредување | федерална парламентарна република | |||||
• | Претседател | Фуад Масум | ||||
• | Премиер | Хајдер ал Абади | ||||
Независност | ||||||
• | од Отоманско Царство | 1 октомври 1919 | ||||
• | од Обединетото Кралство | 3 октомври 1932 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 438,317 км2 (58-ма) | ||||
• | Вода (%) | 1.1 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 31,234,000[2] (39-та) | ||||
• | Густина | 66 жит/км2 (125-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупен | $114.151 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $3,655[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупно | $68.553 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $2,195[2] | ||||
Валута | Ирачки динар (IQD ) |
|||||
Часовен појас | GMT+3 (UTC+3) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .iq | |||||
Повик. бр. | 964 | |||||
4. | CIA World Factbook |
Населението на Ирак е етнички и верски хетерогено, иако исламот е најзастапена религија со 95%. Трите доминантни заедници се: Арапите шиити (околу 60% од населението), Арапите сунити (околу 20%) и Курдите (околу 15%).
По воената интервенција на САД врз Ирак од 2003 година соборен е дотогашниот режим на Садам Хусеин и Ирак од април 2003 до јули 2004 се наоѓаше под окупација на САД, Британија и нивните сојузници. На 28 јули 2004 власта ѝ е предадена на Привремената влада, иако странските сили продолжија да бидат присутни во земјата и ја имаа вистинската власт до 2011 година. Против окупацијата на западните сили предводени од САД активно се бореше одреден дел од населението на Ирак, а и по повлекувањето на западните сили предводени од САД продолжи бунтот против централната власт.
Ирак е земја која поседува големи резерви на нафта.