НАТО
From Wikipedia, the free encyclopedia
НАТО, Северноатлантска договорна организација или Организација на Северноатлантски договор (англиски: North Atlantic Treaty Organisation (NATO), француски: Organisation du traité de l'Atlantique nord (OTAN), понекогаш исто така нарекувана како Северноатлантската алијанса, Атлантска алијанса или Западна алијанса — меѓународна безбедносна организација создадена со потпишувањето на Северноатлантскиот договор на 4 април 1949 година. Седиштето на НАТО е во Брисел, Белгија. Организацијата е систем на колективна одбрана со кој нејзините земји-членки се обврзуваат на заедничка одбрана како одговор на напад од надвор.
North Atlantic Treaty Organization (англиски) Organisation du traité de l'Atlantique nord (француски) | |
Лого | |
Членките на НАТО во зелено | |
Кратенка | НАТО |
---|---|
Основана | 4 април 1949 (1949-04-04) |
Вид | воена алијанса |
Седиште | Брисел, Белгија |
Членство | |
Службени јазици | [1] |
Генерален секретар | Јенс Столтенберг |
Претседател на воен комитет | Џиампало Ди Паола |
Мреж. место | nato.int |
Во првите неколку години, НАТО била еден вид обична политичка асоцијација. Првиот генерален секретар на НАТО е Хастингс Исмеј, кој изјавил дека целта на организацијата е „одбрана од СССР, под раководство на САД и Германија да се држи потчинета“.[2] Како резултат на важната улога која Велика Британија ја добива во алијансата, Франција се повлекла од пактот во 1966 година.
Со паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, главната цел на алијансата станала придобивање на земјите кои претходно се наоѓале под влијание на т.н. Источен блок, односно поранешните членки на Варшавскиот договор. Ова пред сè се однесува на земјите од Балканскиот Полуостров, кое доведе до проширување на алијансата во 2004 година (Бугарија, Романија) и 2009 година (Хрватска и Албанија).[3] Македонија е членка на НАТО од 27 март 2020 г.
По терористичките напади од 2001 година врз САД, алијансата се насочува кон нови предизвици, ангажирајќи војски во Авганистан и Ирак, со што се смета дека НАТО ја надминува таканаречената „Криза на индентитетот“ од 1990-те години.