Зајдисонце
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зајдисонце[1], залез[2] или заод[3] – заоѓање на Сонцето зад хоризонтот заради Земјината ротација. Гледано од Екваторот, при рамнодневица Сонцето зајдува точно на запад и во пролет и во есен. Гледано од средни географски ширини, локалното летно Сонце зајдува на северозапад во северната полутопка, но на југозапад во јужната полутопка.
Времето на зајдисонце е дефинирано во астрономијата како момент кога горниот крај на Сонцето исчезнува под хоризонтот. Во близина на хоризонтот, рефлексијата на атмосферата предизвикува зраците од сончевата светлина зраци да бидат искривени до тој степен што геометриски сончевиот диск е веќе околу еден пречник под хоризонтот кога се забележува зајдисонце.
Зајдисонцето се разликува од самракот, кој е поделен во три етапи, првиот се нарекува граѓански самрак, започнува откако Сонцето ќе исчезне под хоризонтот и продолжува додека не се спушти до 6 степени под хоризонтот; втората фаза е наутички самрак, помеѓу 6 и 12 степени под хоризонтот, а третиот е астрономски самрак, кој е период кога Сонцето е помеѓу 12 и 18 степени под хоризонтот.[4] "Примрак" е на самиот крај на астрономскиот самрак, и е најтемниот момент на самракот пред ноќта.[5] Ноќта се јавува кога Сонцето достигнува 18 степени под хоризонтот и веќе не го осветлува небото.
Локациите посеверно од Северниот Поларник и појужно од Јужниот Поларник не доживуваат полно зајдисонце или изгрејсонце најмалку еден ден во годината, кога поларниот ден или поларната ноќ продолжува континуирано 24 часа, но целосна поларна ноќ се јавува само на географска ширина од повеќе од 72,5 степени.
Зајдисонцето создава уникатни атмосферски услови како што се често интензивната портокалова и црвена боја на Сонцето и околното небо.