Ноќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ноќ е оној дел од деноноќието кога Сонцето е зајдено. Спротивен поим од ноќ е ден. Во текот на ноќта повеќето луѓе и животни спијат, затоа што не можат да ги извршат повеќето активности без дневно светло. Недостатокот на дневна светлина има влијание на морфолигијата, физиологијата и однесувањето на скоро сите живи организми. Спротивно од тоа некои животни на пример лилјаците се активни претежно во текот на ноќта.