Евро
валута во повеќето држави во Европската Унија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Еврото (банкарски код EUR, симбол €) е официјална валута на 20 од 27 земји членки на Европската Унија: Австрија, Белгија, Германија, Грција, Ирска, Италија, Кипар, Луксембург, Малта, Португалија, Финска, Франција, Холандија, Словачка, Словенија, Шпанија, Естонија, Латвија, Литванија и Хрватска (од 1 јануари 2023 година), заеднички познати како Еврозона. Еврото исто така, со еднострана одлука е валута во Андора, Косово и Црна Гора, кои извршија еднострана евризација.
Евро | |||||
---|---|---|---|---|---|
| |||||
ISO 4217 | |||||
Код | EUR | ||||
Број | 978 | ||||
Показател | 2 | ||||
Составници | |||||
Надединица | |||||
1/100 | цент вистинската употреба варира во зависност од јазикот | ||||
Множина | Види лингвистички прашања | ||||
Симбол | € | ||||
Прекар | Единствената валута[1] | ||||
Банкноти | |||||
Чести | €5, €10, €20, €50 | ||||
Ретки | €100, €200, €500 | ||||
Монети | |||||
Чести | 1c, 2c, 5c, 10c, 20c, 50c, €1, €2 освен ако не е поинаку наведено како ретко користено | ||||
Ретки | 1c и 2c (се однесува на Финска и Холандија) | ||||
Демографија | |||||
Воведена | 1 јануари 2002 | ||||
Офиц. корисници | 5 други
| ||||
Неофиц. корисник/ци | Косово[б 11] Црна Гора[б 12] | ||||
Издавач | |||||
Централна банка | Европска централна банка | ||||
Мреж. место | ecb.europa.eu | ||||
Печатар | Неколку
| ||||
Мреж. место | Неколку
| ||||
Вредност | |||||
Инфлација | 8,6% (јуни 2022) | ||||
Извор | ECB, јуни 2009 | ||||
Начин | УСПЦ | ||||
Врзувач | 10 валути
|
Данска и Велика Британија го искористиле правото за останување надвор од Еврозоната, а Грција (порано) и Шведска формално не ги задоволувале критериумите од мастричката конференција. Подоцна Грција ги задоволила споменатите критериуми и во еврозоната влегла 2001 година а додека Шведска и понатаму е надвор од Еврозоната, во прв план затоа што нејзините граѓани двапати на референдумот се изјасниле против воведувањето на еврото како национална валута на Шведска. По финансиската криза која ја зафатила Грција, во 2010 година се појавиле можности земјата да ја напушти Еврозоната.[2]