Малтешки јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Малтешки јазик — јазик кој спаѓа во групата на семитски јазици. Овој јазик се зборува во Малта, Австралија, Канада, Италија итн. од страна на околу 330 000 луѓе. Овој јазик е службен јазик на Малта, и еден од јазиците на Европската унија. Овој јазик е многу сличен на арапскиот јазик и тоа на тунискиот арапски јазик. Со неговото развивање, малтешкиот јазик преземал многу особини и зборови од италијанскиот и англискиот јазик. Како службен јазик на Малта станал во 1936 година.
Кратки факти Малтешки јазик, Застапен во ...
Малтешки јазик | |
---|---|
Malti | |
Застапен во | Малта, Австралија, САД, Италија |
Подрачје | Сицилија |
Говорници | 330 000 |
Јазично семејство | |
Писмо | Латиница (Малтешка азбука) |
Статус | |
Службен во | Малта |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | mt |
ISO 639-2 | mlt |
ISO 639-3 | mlt |
Затвори