Еврозона
From Wikipedia, the free encyclopedia
Еврозоната, официјално наречена Еврообласт е европски монетарен сојуз (ЕМУ) составен од дваесет Земји членки на Европската Унија кои го вовеле еврото како нивна основна валута и единствено законско средство на плаќање. Еврозоната моментално ја сочинуваат:
- Австрија
- Белгија
- Кипар
- Естонија
- Финска
- Франција
- Германија
- Грција
- Ирска
- Италија
- Летонија
- Литванија
- Луксембург
- Малта
- Холандија
- Португалија
- Словачка
- Словенија
- Хрватска
- Шпанија
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Повеќето останати земји-членки на ЕУ се обврзани да се приклучат откако ќе ги исполнат критериумите за влез. Ниту една земја не ја напуштила еврозоната, но нема пропис за тоа што ќе се случи во тој случај или ако биде избркана. Монетарната политика на зоната е одговорност на Европската централна банка која ја водат претседател и одбор составен од лицата кои се на чело на националните централни банки. Главната задача на ЕЦБ е да ја држи инфлацијата под контрола. И покрај тоа нема општа застапеност, водење или фискална политика на Еврозоната, сепак застапена е одредена соработка во Еврогрупата, што носи политички одлуки кои се однесуваат на еврозоната и еврото. Еврогрупата е составена од министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната, сепак во итни случаи, националните водачи исто така се дел од Еврогрупата.
Од финансиската криза која се случи во последниве неколку години, Еврозоната основаше и користеше залихи за доделување на заеми за итни случаи на земјите-членки барајќи за возврат да стапат на сила економските реформи. Во Еврозоната исто така стапи на сила и ограничено финансиско обединување, на пример едни на други ќе вршат рецензија на националните буџети. Проблемот е високополитички и е во состојба на постојано менување уште од 2011, во зависност од тоа какви понатамошни одредби ќе донесат за реформите во Еврозоната. Повремено кон Еврозоната се приклучуваат земји кои не се членки на ЕУ но го користат еврото како нивна официјална валута. Некои од овие земји, како на пример Сан Марино склучија формални договори со ЕУ да ја користат валутата, но да користат сопствени монети. Други како Црна Гора го прифатија еврото целосно. Сепак, овие земји формално не се дел од Еврозоната и немаат претставници во ЕЦБ или во Еврогрупата.