Гавран
вид птица / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гавран (науч. Corvus corax) — голема црна птица од семејството на враните (Corvidae) во редот на врапчевидните (Passeriformes). Се среќава низ целата северна полутопка и е најшироко распространет од сите врани. Постојат најмалку 8 подвида со мали разлики во изгледот, иако последните истражувања покажуваат и генетски разлики. Тој е најверојатно најтешката птица од редот на врапчевидните, со тежина од 1,2 килограми. Може да живее над 21 година во дивина.[2] Младите птици летаат во јата, но откако ќе се спарат, двојката ја чува својата територија.
Гавран | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Врани |
Род: | Врана |
Вид: | Гавран |
Научен назив | |
Corvus corax Linnaeus, 1758 | |
Подвидови | |
8–11, вид. во Подвидови | |
Распространетост |
Гавранот со илјадници години има добар соживот со човекот, а во некои области е толку многуброен што се смета за штетник. Неговата успешност е делумо заради тоа што е сештојад, со исклучително широк спектар на исхрана, од мрши, инсекти, семиња, бобинки, овошје, мали животни, и секакви отпадоци фрлени од човекот.
Кај гавранот се забележани значајни начини на решавање проблеми, што води кон уверувањето дека тој поседува висока интелигенција. Низ вековите, тој бил предмет на митологијата, фолклорот, уметноста и литературата. Во многу домородни култури, вклучувајќи ги и оние на Скандинавија, древна Ирска и Велс, Бутан, на домородните народи на северозападниот дел од Северна Америка, домородните народи на Сибир и североисточна Азија, гавранот е почитуван како духовна фигура или бог.[3]