Велс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Велс (велшки: Cymru, Камри; англиски: Wales) — составна земја на Обединетото Кралство во западниот дел на островот Велика Британија. Во рамките на Обединетото Кралство се граничи само со Англија.
Велс Cymru
Wales |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Hen Wlad Fy Nhadau" („Земјата на Моите татковци“) Кралска химна: „Боже, чувај го Кралот“ |
||||||
Велс (црвена)
|
||||||
Главен град | Кардиф | |||||
Најголем град | Главниот град | |||||
Службен јазик | велшки, англиски | |||||
Уредување | Деволтирано парламентарно законодавство во рамки на парламентарна уставна монархија | |||||
• | Крал | Чарлс III | ||||
• | Прв министер | Марк Дрејкфорд | ||||
Формирање | ||||||
• | Унифициран од Груфид Ап Ливелин | 1057 год. | ||||
• | Статут на Радлан | 1284 год. | ||||
• | Закони во Велс Акти 1535 и 1542 година | 1543 год. | ||||
• | Закон за велшки јазик од 1967 година | 1967 год. | ||||
• | Деволуција | 1998 год. | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 21,218 км2 | ||||
Валута | Фунта стерлинг | |||||
Се вози на | лево | |||||
Повик. бр. | +44 |
Населението на Велс изнесува 2.921.100 жители што е само 5% од вкупниот број на населението на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Главниот град е Кардиф со население од 302.000 жители. Површината на Велс (20.779 км2) е помала од површината на Република Македонија.
Жителите на Велс се чувствуваат како посебен народ, но поради вечната асимилација од страна на Англија се створила ситуација каде што само 20% од велшкиот народ го зборува оригиналниот велшки односно келтски јазик.
60% од жителите на Велс се самонарекуваат Велшани. Службени јазици во Велс се англиски и велшки. Англиски зборуваат сите жители на Велс, а само 20% од жителите знаат велшки.
Велс е поранешна престолнина и заедно со Англија, Шкотска и Северна Ирска ја формира Велика Британија. Велс има свој јазик, свое знаме и своја внатрешна организација. Но, во меѓународните збиднувања е суверена земја Обединетото Кралство и како нејзин дел Велс нема право на глас.
Велс не е политички независен од 1282 год. Тоа е дел од Обединетото Кралство во кој преовладува келтска религија и се зборува велшки јазик. Во остатокот од Обединетото Кралство келтските елементи исчезнале.
Црквата од Велс е англиска црква и има 77,881 членови (отприлика 2,5% од населението). Унија на Независни Велшани (УНВ) е конгрегстионалистичка црква и има отприлика 36 000 членови (1% од населението). Бројот на членови на презвитерјианската црква од Велс има 34,819 (1% од населението).