Книжевност
уметност на пишаниот збор / From Wikipedia, the free encyclopedia
Книжевност или литература (латински: lit(t)era — буква) — уметноста на пишани дела. Иако двата поими се синонимни, книжевност го опфаќа уметничкиот дел од творештвото, додека поимот литература се користи за означување на каков било вид пишано творештво. Како заеднички поим се однесува на било која пишана форма, како и на целото книжевно дело во постоење, како во светски рамки, така и во рамките на една издвоена култура.
Книжевност |
---|
Основни облици |
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Во антиката и подоцнежното време, денешното значење на поимот поезија тогаш го носел значењето литература, бидејќи уметноста да се твори, односно пишува во стихови се сметала за литература. Прозата, од друга страна дури подоцна почнала да се оформува како посебна уметност, за да сега и прозата и поезијата претставуваат само начин на кој се пишува, односно твори или создава едно книжевно дело.