Вавилонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Стар век |
---|
↑ Праисторија |
Стар Близок Исток
Историја на јужна Азија
|
↓Среден век |
Вавилонија — семитска држава и културен регион во Месопотамија, денешен Ирак. Градот Вавилон бил мал град во склоп на оваа држава, а за време на Хамураби, во првата половина на 18 век п.н.е., станува голем главен град.During the reign of Hammurabi and afterwards, Babylonia was called Mât Akkadî "the country of Akkad" in Akkadian.[1][2] Пропаѓањето на империјата на Ур, околу 2004 година пред н.е., претставува крај на историјата на Сумерите: во тој период во Месопотамија навлегуваат номадските народи Аморити и Семити од исток, кои се населиле на оваа територија и создале свои династии во повеќе градови, меѓу кои и во Вавилон, додека на север првпат создава држава еден друг Семитски народ, Асирците. По краткотрајната превласт на Асирците, настапило владеењето на шестиот крал од династијата во Вавилон, Хамураби (1792 — 1750 г. пред н.е.), кој ќе го објави познатиот Хамурабиев законик, пронајден во една гробница што денес се чува во музејот Лувр: оттогаш Вавилон станал средиште на Месопотамија, и покрај тоа што во него наизменично владееле Каситите, Асирците и Халдејците. Халдејците ја создале новата Вавилонска Империја, која ќе го достигне врвот на својата моќ и раскош за време на владеењето на Набукодоносор Втори (605 —562 г. п.н.е.), но подоцна ќе падне во рацете на Персиската Империја. Остатоците зачувани од Вавилон се токму од овој период, меѓу кои и прекрасната Порта на Иштар и една импозантна палата на чии тераси можеби се наоѓале познатите Висечки градини; во центарот на градот се наоѓало местото посветено на богот на Вавилон, Мардук, со зигуратот — Вавилонската кула од која, за жал, денес ништо не е зачувано.