Урарту
древно кралство сместено во голем регион околу Езерото Ван / From Wikipedia, the free encyclopedia
Урарту (асирски : māt Urarṭu,[5] вавилонски: Urashtu, хебрејски: אֲרָרָט (Арарат)) ― кралство од железното време со центар околу езерото Ван во Ерменските Висорамнини. Кралството се протегало од горниот дел на реката Еуфрат до западниот брег на езерото Урмија и од планините во северен Ирак до планината Мал Кавказ.[6] Кралството се појавило кон средината на 9 век п.н.е., а процут имало во 8 и 7 век п.н.е.[6] Урарту често војувал со Асирија и одредено време била најмоќната држава на Блискиот Исток.[6] Поради постојаните војни, државата ослабнала и на почетокот од 6 век п.н.е била освоена од иранските Мидијци.[7] Во археологијата кралството е познато по неговите големи тврдини и софистицираните изработки од метал.[6] Кралевите зад себе оставиле натписи со клинесто писмо на урартиски јазик, дел од семејството на хуро-урартиски јазици.[6] Откако бил откриен во 19 век, Урарту, во кој обично се смета дека барем делумно се говорел ерменски јазик,[2] [8] [9] [10] [11] одиграл значајна улога во ерменскиот национализам.[12]
Урарту | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Урарту за време на Сардури II, 743 г.п.н.е. | |||||
Главен град |
| ||||
Јазици | |||||
Вероисповед | Урартско многубоштво[3] | ||||
Уредување | Монархија | ||||
Историски период | Железно време | ||||
- | Основана | 860 г.п.н.е | |||
- | Медијско освојување (или ахамединско освојување во 547[4]) | 590 г.п.н.е | |||