Алберт Ајнштајн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алберт Ајнштајн (германски: Albert Einstein; 14 март 1879 — 18 април 1955) — германски теоретски физичар, најпознат по неговата Теорија на релативноста и Теоријата за еднаквост на масата и енергијата, . Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година за „неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект“.[1]
Алберт Ајнштајн | |
---|---|
Алберт Ајнштајн, 1947 | |
Роден(а) | 14 март 1879
Улм, Виртемберг, Германија |
Починал(а) | 18 април 1955
(76 г.) Принстон, Њу Џерси, САД |
Живеалиште | Германија, Италија, Швајцарија, САД |
Државјанство | Германија (1879—96, 1914—33) Швајцарија (1901—55) САД (1940—55) |
Полиња | Физика |
Установи | Швајцарски Патентен завод (Берн) Циришки универзитет Универзитет Чарлс во Прага Пруска Академија на науките Кајзер Вилхелм Институт Лајден универзитет Институт за напредни студии |
Образование | ЕТХ Цирих Циришки универзитет |
Докторски ментор | Алфред Клеинер |
Други ментори | Хеинрих Фридрих Вебер |
Познат по | Општа релативност Специјална релативност Брауново движење Фотоелектричен ефект Еднаквост на масата и енергијата Ајнштајнови равенки за поле Теорија на унифицирани полиња Бос-Ајнштајнови статистики АПР парадокс |
Влијание од | Марсел Гросман |
Влијаел врз | Давид Бом |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1921) Коплиев медал (1925) Планков медал (1929) |
Потпис |
Во огромниот број на придонеси на Ајнштајн кон физиката се вбројува неговата Специјална теорија за релативноста, која ги споила механиката и електромагнетизмот, и неговата Општа теорија за релативноста, која ја проширила Теоријата на релативноста за нерамномерното движење, создавајќи нова теорија на гравитација. Има бројни придонеси во полињата на релативистичка космологија, капиларна акција, критична опалесценција, класични проблеми на статистичката механика и нивната примена во квантната теорија, објаснување на брауновото движење на молекулите, веројатности на атомската транзиција, Квантната теорија на едноатомски гасови, термодинамичките својства на светлината со ниско ниво на зрачење (со што ги дава темелите на Теоријата на фотони), Теорија за зрачење вклучувајќи стимулирана емисија, концептот на Теоријата на унифицирани полиња и придонеси кон физичката геометризација.
Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела.[2][3] Има статус на слава во заедницата на физиката,[4] а магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана синоним на генијалност.