Џорџа Мелони
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џорџа Мелони (Рим, 15 јануари 1977 ) — италијанска новинарка и политичарка. На 22 октомври 2022 година стапила на функцијата претседател на Владата на Република Италија. Таа е првата жена на чело на владата во историјата на Италијанската Република. Член на Претставничкиот дом на Парламентот на Република Италија од 2006 до 2022 година.[1] Претседател е на партијата Браќа на Италија (FdI) од 2014 година, а од 2020 година, претседател е на Партијата на европските конзервативци и реформисти.[2] Во четвртата влада на Силвио Берлускони, била министер за млади, а воедно и најмлад министер во италијанската историја.
Џорџа Мелони Giorgia Meloni | |
---|---|
Мелони во 2022 година | |
Премиер на Италија | |
На должноста | |
Стапил 22 октомври 2022 | |
Претседател | Серџо Матарела |
Заменик |
|
Претходник | Марио Драги |
Претседател на Браќа на Италија | |
На должноста | |
Стапил 8 март 2014 | |
Претходник | Игнацио Ла Руса |
Претседател на Партијата на европски конзервативци и реформисти | |
На должноста | |
Стапил 29 септември 2020 | |
Претходник | Јан Захрадил |
Министер за млади | |
На должноста 8 мај 2008 – 16 ноември 2011 | |
Премиер | Силвио Берлускони |
Претходник | Џована Меландри |
Наследник | Андреа Рикарди |
Член на Италијанскиот парламент | |
На должноста | |
Стапил 28 април 2006 | |
Изборна единица |
|
Лични податоци | |
Роден(а) | 15 јануари 1977(1977-01-15) (47 г.) Рим, Лацио, Италија |
Партија | Браќа на Италија (од 2012) |
Други припадности |
|
Деца | 1 |
Живеалиште | Палацо Киги |
Портал | giorgiameloni.it |
Десничарски популистка и националистка, нејзините политички ставови се опишани како крајно десничарски, иако таа ја отфрла таа етикета. За себе вели дека е христијанка која ги брани „Бог, татковината и семејството“. Се противи на абортусот, евтаназијата и партнерството, бракот и родителството на истополови парови. Противник на прифаќањето на неевропските имигранти и мултикултурализмот, била обвинета за ксенофобија и исламофобија. Поддржувач е на НАТО, застапува евроскептични ставови и се залагала за подобри односи со Русија пред руската инвазија на Украина во 2022 година, што таа го осуди, ветувајќи дека ќе продолжи да испраќа оружје во Украина.[3] Изразила контроверзни ставови, како што се пофалби за италијанскиот диктатор Бенито Мусолини и неофашистичкиот политичар Џорџо Алмирате.[4]