Национализам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Национализам — политичка идеологија во чие средиште е сместена нацијата како врховно добро. Се појавил во Европа во XIX век и претставувал општествено-политичко и културно движење на граѓанските класи коишто се бореле за будење на националната свест, за заштита на националните права и за создавање на национална држава.