Јазици во Индонезија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во Индонезија се говорат над 700 јазици.[1] Најголемиот дел од нив припаѓаат на австронезиското семејство, но има и неколку папуански јазици. Службен јазик е индонезискиот, кој претставува варијанта на малајскиот.[2] Иако индонезискиот се користи во стопанисувањето, администрацијата, образованието и медиумите, највеќето Индонезијци говорат локални јазици како јаванскиот како мајчин.[1] Во градовите луѓето имаат познавања и од англискиот, кој се изучува уште од основно училиште.