Малајски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Малајски jazik (самонар. Bahasa Melayu) — важен јазик во рамките на австронезиското јазично семејство. Тој е државен јазик на Малезија (како малезиски), Индонезија (како индонезиски) и Брунеј, како и еден од четирите службени јазици на Сингапур. Како мајчин го говорат 40 милиони луѓе[4] преку Малачкиот Проток, вклучувајќи ги крајбрежните делови на Малајскиот Полуостров во Малезија, источниот брег на Суматра и островската група Риау во Индонезија, но и на зпадниот брег на Саравак и Западен Калимантан на Борнео. Во јужен Тајланд се говори сродниот „патански малајски“.
Малајски | |||
---|---|---|---|
Bahasa Melayu بهاس ملايو | |||
Застапен во | Индонезија (како индонезиски) Малезија | ||
Говорници | 40 милиони како мачин, вклуч. 23 милиони индонезиски [1][2] ~ 180 милиони (вкупно), 90% индонезиски | ||
Јазично семејство | австронезиско
| ||
Стандардни облици | |||
Дијалекти | теренгански
келантански
саравачки
патански
други малајски дијалекти
| ||
Писмо | малајска азбука (латинична; службена во Малезија, Сингапур и Индонезија и кослужбена во Брунеј) џави (арабица, кослужбена во Брунеј и Малезија[3]). | ||
Статус | |||
Службен во | Индонезија Малезија Брунеј Сингапур Кокосови Острови (де јуре) | ||
Признаен како малцински во | Индонезија (локалниот малајски има статус на регионален јазик во Суматра) | ||
Регулативен орган | Совет за јазик и книжевност Јазичен совет на Малезија, Индонезија и Брунеј | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-1 | ms | ||
ISO 639-2 | may (B) msa (T) | ||
ISO 639-3 | zlm — опсежен код Поединечни кодови: zsm — малезиски ind — индонезиски lrt — ларантучки ? kxd — брунејски ? meo — кедански ? zmi — негерисембилански ? dup — дуано ? jak — џакунски ? orn — оранг канак ? ors — оранг селетар ? tmw — темуански ? | ||
|
Според Ethnologue јазикот има 16 дијалекти, а неколку од нив се сметаат за посебни јазици, како на пример говорите на немалезиското население (погоре во наведени со прашалник до името). Постојат и неколку креолски јазици врз основа на класичниот малајски, како и отмакасарски малајски, кој претставува мешан јазик.